Top Sport

На СП во Катар само со ПЦР-тест, вакцинацијата не е задолжителна

Вакцинацијата против КОВИД-19 нема да биде задолжителна за гледачите за време на Светското првенство во Катар, објавија организаторите, цитирани од агенцијата „Франс прес“. Туристите ќе треба да покажат негативен ПЦР тест за да влезат во земјата, објавија Владата на Катар и Организацискиот одбор на мундијалот.

„Луѓето кои пристигнуваат во Катар нема да бидат предмет на задолжителен карантин, без оглед на нивниот статус на вакцинација и земјата од која доаѓаат“, објавија организаторите.

При пријавувањето на аеродромот, секој турист на возраст од 6 години или повеќе мора да покаже негативен ПЦР тест, кој е направен до 48 часа пред поаѓање и 24 часа за антиген тест.

Scroll to Top