Аргентинскиот стратег Маурисио Покетино од утре и официјално ќе стартува со работа во Челси, а веќе има план за целосна реконструкција на тимот од „Стемфорд бриџ“.
Како што откриваат медиумите на Островот, на неговиот список за „отстрел“ се наоѓаат дури 15 фудбалери. Од нивната продажба Челси планира да заработи околу 320 милиони евра.
Мејсон Маунт е фудбалерот кој има најголема вредност и би можел да замине за околу 80 милиони евра. Конор Галахер е на прагот на Њукасл за 45 милиони евра, а Челси планира да ги продаде и Кристијан Пулишиќ, Рубен Лофтус-Чик и Тревох Чалоба за по 30 милиони евра. За Матео Ковачиќ лондонскиот клуб планира да добие 40 милиони евра.