Top Sport

На Србија ѝ недостасува уште еден бод до ЕП: Дали Пикси ќе го исполни ветувањето?

До вторник многу европски фудбалски репрезентации имаат шанса да се пласираат на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија, но последната шанса за Србија е денеска од 15 часот.

„Орлите“ во Лесковац ќе ги одмерат силите против бугарската репрезентација. Има калкулации, но Србија мора да оди на победа, иако ѝ е доволен бод за да се потврди пласманот на ЕУРО прв пат по 24 години. На шампионатот влегоа домаќинот на првенството Германија, а потоа следат Шпанија и Шкотска, Франција, Англија, Турција, Белгија и Австрија, како и Португалија. Познати се вкупно девет учесници, а наскоро ќе им се придружат уште 20.

Дали меѓу нив ќе биде и Србија ќе се знае денеска, но она што е сигурно е дека „орлите“ се подготвени и сконцентрирани и дека не им го расипа расположението ниту поразот од Белгија во пријателски натпревар. Драган Стојковиќ Пикси вети дека ќе патува во Германија.

„Ќе ја однесам, бре, Србија на ЕУРО. Нема што друго да се каже!“, рече селекторот пред октомвриските натпревари против Унгарија и Црна Гора.

Сега тој е само на чекор до исполнување на ветувањето.

Scroll to Top