Top Sport

На суд бараат титулата на Јуве од 2019 да се додели на Наполи

Пред регионалниот суд на Лацио, група адвокати поднесе барање за одземање на титулата од Серија А од сезоната 2018/19 од Јувентус и доделување на второпласираниот тим, односно Наполи.

Јувентус веќе беа казнети со 15 поени оваа сезона за случајот со вештачко зголемување на вредноста на своите фудбалери, но овојпат се работи за друг, цивилен случај, во кој претставниците на Цоцадонс, агенцијата за заштита на корисниците и навивачкиот клуб Асоцијација Клуб Наполи Марадона бараат заштита на регуларноста на „спортскиот систем“ во однос на сезоните 2018/19, 2019/20 и 2020/21. Тие бараат титулата од 2019 да се додели на Наполи.

Иако регионалниот суд мора да ја сослуша жалбата, тешко е да се верува дека ќе донесе одлука за одземање на титулите на Јувентус. Дури и во неславниот „Калчополи“ скандал, титулите беа одземени од Јувентус, но не беа распределени на други клубови.

Scroll to Top