Top Sport

На три дена до првиот меч Барса има само 11 регистрирани фудбалери

Сезоната во Ла Лига ќе започне овој викенд. Барселона го игра првиот натпревар во недела и ја отвора сезоната со гостување кај Хетефе, со вкупно 13 пријавени играчи. Во пракса оваа брјка е помала, бидејќи клубот ќе го напуштат Усман Дембеле и Френк Кеси. Девет играчи се уште не го поминале официјалниот процес на регистрација.

Токму заминувањата на Дембеле и Кеси ќе и овозможат на Барселона да го заврши процесот на пријавувањето на фудбалери за новата сезона бидејќи со нивна продажба ќе „ослободи“ дел од парите од буџетот за плати.

Иниго Мартинез, Илкај Гундоган, Ориол Ромелу, Роналд Араухо, Алехандро Балде, Маркос Алонсо, Серхи Роберто, Игнаси Краг и Ез Абде чекаат да бидат регистрирани.

Во случај, Барселона да не ги регистрира навреме, како слободни играчи клубот ќе го напушта Иниго Мартинез и Илкај Гундоган, бидејќи тие имаат такви клаузули во договорите.

Списокот на играчи кои Барселона во моментов ги има на платниот список: Марк-Андре тер Штеген, Жил Кунде, Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен, Педри Гонзалес, Гави, Френки де Јонг, Феран Торес, Ансу Фати, Рафиња и Роберт Левандовски.

На списокот на првиот тим нема да се најдат Клемон Ленгле и Сержињо Дест за кои се шпекулира дека ќе го напуштат клубот.

Според шпанските медиуми, петок е крајниот рок кога Барселона треба да ја заврши регистрацијата на играчите.

Scroll to Top