Поранешниот репрезентативец на Бразил Едилсон рекол дека на врвот на својата кариера бил подобар од Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Нејмар.
Едилсон беше дел од репрезентацијата која го освои Светското првенство во 2002 година, а во кариерата со Коринтијанс и Палмеирас четири пати бил шампион на Бразил.
„Во најдобрите денови играв подобро од Нејмар. Треба да го освои Светскиот куп за да биде подобар од мене“, рекол Едилсон за ТВ Бандеирантрес и продолжил.
„За да биде и Меси подобар од мене и тој треба да го освои Светскиот куп. Кога станува збор за Кристијано, тој ја користи само силата. Добро ја удира топката со двете нозе, но јас бев многу повешт од него“.
Меси со Аргентина беше поразен во финалето на Светското првенство во 2014 година, додека Нејмар и Роналдо најдалеку на Светскиот куп стигнале до полу-финалето.