Top Sport

Начо го одвои Реал на првото место во Шпанија (видео)

Начо Фернандез со гол во 78. минута, конечно, го скрши отпорот на Валјадолид и донесе 1:0 победа на Реал Мадрид во 21. коло од Ла лига, триумф со кој „кралевите“ се одвојуваат на три поени пред Барселона на врвот на шпанскиот шампионат!

Со тешко извојуваната победа, тимот на Зинедин Зидан целосно го искористи поразот на Барселона од Валенсија во саботата, за да се искачи сам на првото место на табелата по 100 дена, најавувајќи интересна борба за титулата во Шпанија.

Scroll to Top