Top Sport

Нејмар даде два гола и му ги посвети на Коби (видео)

Пари Сен-Жермен го продолжи победничкииот поход  во француската Лига 1, со 2:0 победа на гости кај Лил, благодарение на двата гола на Нејмар, но исходот на мечот беше во сенка на убавиот гест кој го направи бразилската суперѕвезда.

Постигнувајќи го првиот гол, тој одби да слави, туку отиде кај фановите и го покажа бројот 24 во чест на Коби Брајант, кој денеска го загуби животот во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Секоја чест.

Scroll to Top