Top Sport

Надал: Ѓоковиќ е најдобар во историјата

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал вели дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот играч на сите времиња.

За прашањето кој е ГОАТ се дебатира долго време, а свое мислење за тоа даде и освојувачот на 22. Грен слем титули.

„Фрустрацијата на Новак трае само во моментот кога ќе го скрши рекетот. Веднаш потоа тој е подготвен повторно да се натпреварува на 100% и затоа е човекот кој постигна најмногу во историјата на нашиот спорт“, изјави Надал за „Ла Секста“.

Тој директно беше прашан дали Новак е најдобар во историјата?

„Бројките велат дека е, се разбира дека е. За мене е, од сè што сум видел”.

„Да, никогаш не сум имал проблем со… Никогаш не сум имал его да кажам работи што не ги чувствувам. На крајот на денот, можеме да кажеме дека бев повреден на толку многу слемови, а тој не Но, човеку, тој имаше тело подобро од моето, и тоа исто така е важно“.

Надал продолжи со истиот тон.

„Мислам дека Новак е добра личност, со своите грешки, грешки кои ги истакнува со своите постапки, но тој е добар човек. Кога ќе видам некој кој е толку успешен, не сакам да се лутам“, изјави Надал.

Инаку, Надал потврди дека нема да игра во Доха.

Scroll to Top