Top Sport

(Видео) Навивачите на Канзас фатиле еден од напаѓачите, го држеле додека не дошла полицијата

Неколку храбри навивачи на Канзас Сити се заслужни за апсењето на еден од двајцата вооружени напаѓачи кои пукаа врз луѓето на шампионската парада.

Полицијата соопшти дека во престрелката што се случила во близина на станицата Унион, едно лице загинало, а најмалку девет се повредени.

Од нив тројца се во критична состојба, пет во многу тешка состојба, додека едно лице е надвор од животна опасност.

На мрежата Икс се појави видео кога еден од двајцата уапсени напаѓачи се обиде да побегне.

Сепак, неколку храбри момци скокнаа врз него, го фрлија на земја во НФЛ стил и го разоружаа.

Неколку моменти подоцна на местото на настанот пристигнала и полицијата која го привела напаѓачот.

Scroll to Top