Селекторот на Холандија, Франк Де Бур, со (не)реален оптимизам го најави настапот на неговите избраници на ЕУРО 2020. Холандија на континенталниот шампионат ќе игра против Украина, Австрија и Македонија.
Де Бур, вчера, го објави спискот на фудбалери кои ќе играат на ЕП и најавил три победи во Ц-групата.
„Осмина-финале ќе обезбедиме по првите два натпревари. Ќе ја победиме Украина со 3:1 и Австрија со 2:1“, рекол Де Бур и дополнил дека за неговата репрезентација најдобро ќе биде да го освои второто или третото место во групата.
„Ние ќе ја победиме Македонија со 3:0. Можеби би требале да загубиме, во втората фаза не чека противник од „групата на смртта“ (Португалија, Франција, Германија. Можеби полесен противник да добиете доколку сте трети во групата. Мое мислење е дека идеално би било да завршиме на второто место“.
Холандија, во Амстердам, ќе ја пречека Македонија на 21.јуни.