Еден од најталентираните млади фудбалски тренери, првиот човек на РБ Лајпциг, Јулијан Нагелсман призна дека еден ден би сакал да седне на клупата на Барселона
32-годишниот Нагелсман импресионираше со работата во Хофенхајм, од каде што си замина по три години минатото лето со 9. место во Бундеслигата, а со Лајпциг по девет победи во низа се искачи на второто место.
„Сум кажал повеќе пати – Барселона е прекрасен град, фудбалскиот клуб е исто така прекрасен. Но, тие не се единствениот атрактивен тим. Имаше интерес во Борусија Дортмунд, но во фудбалот тајмингот секогаш е клучен и затоа не завршив во Борусија. Имав договор со Хофенхајм и не можев да заминам пред 2019. Но, сметам дека во Лајпциг навистина ме сакаат“, вели Нагелсман.