Тренерот на Баерн Минхен беше во посебна посета на пожарникарска станица во Минхен, откако минатата недела пред големото дерби со Борусија Дортмунд ги навреди пожарникарите со една несмасна изјава.
„Ние не сме доброволна пожарникарска бригада, туку Баерн Минхен. Секој натпревар мораме да го играме добро“, изјави тогаш младиот тренер.
По реакциите во јавноста и директното прозивање од Јохан Ајценбергер, претседателот на Баварскиот сојуз на пожарникари, Нагелсман се поправи.
„Денеска бев во посета на пожарникарската станица 4, каде што работи професионална пожарникарска бригада и доброволна пожарникарска бригада во Минхен. Мојата изјава за доброволците на прес-конференцијата беше лошо искажана и немав намера да ги дискредитирам пожарникарите. Мојата изјава беше само за зборот доброволна. И пред посетата, знаев колку важна улога играат доброволците, кои придонесуваат значајна улога во заедницата. Имам огромна почит кон сите волонтери“, напиша Нагелсман на Инстаграм.