Top Sport

Нагелсман и официјално ја презеде Германија

Јулијан Нагелсман и официјално е селектор на германската репрезентација и ќе ја води на следното Европско првенство следната година.

Младиот стручњак кој има само 36 години последен во март оваа година остана без работа, кога доби отказ во Баерн Минхен.

Интересно е што и сега како и претходно во Минхен, на клупата на германската репрезентација ќе го наследи Ханси Флик.

Германците се домаќини на претстојното ЕУРО 2024, но долго време се мачат, особено откако беа елиминирани во групната фаза на Мундијалот, влегоа во серија лоши резултати.

Нагелсман ќе влезе во историјата како најмладиот селектор на Германија. Своето деби на клупата ќе го има на 14. октомври на пријателскиот натпревар против селекцијата на САД во Конектикат.

Фото/ EPA

Scroll to Top