Top Sport

Нагелсман ја прифатил понудата, ќе биде селектор на Германија

Поранешниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Наглесман ќе стане нов селектор на германската репрезентација, пренесува „Билд“.

Јулијан Нагелсман го наследи Ханси Флик на клупата на Баерн, а сега истото ќе се случи и на клупата на германскиот национален тим.

Флик, пред 10 дена стана првиот германски селектор кој добил отказ. Му пресуди поразот од Јапонија во пријателски натпревар.

Нагелсман е без работа од март оваа година кога неочекувано Баерн му врачи отказ.

Пред младиот тренер е најсериозниот проект во кариерата, бидејќи ќе треба да ја подготви репрезентацијата за настап на Европското првенство на домашен терен.

Scroll to Top