Top Sport

Нагелсман останува верен на Хофенхајм

Јулијан Нагелсман „сто отсто ќе биде тренер на Хофенхајм и следната година“, тврди германскиот бундеслигаш и покрај шпекулациите дека младиот Германец ќе дојде во Арсенал како замена за Арсен Венгер.

30-годишниот Нагелсман, еден од најмладите тренери во модерниот фудбал, претходно беше во игра за клупата на Баерн Минхен, но тие се решија за поискусниот Нико Ковач од Ајхнтрахт.

Микел Артета, Макс Алегри и Нагелсман се споменуваа како најсериозни конкуренти за местото на Венгер, но од Хофенхајм тврдат дека Нагелсман ќе ги води тимот и следната година, кога втора сезона во низа ќе играат во Лигата на шампиони.

Фото: ЕПА

Scroll to Top