Top Sport

Ферстапен најбрз на тестирањето во Барселона

Возачот на Ред бул, Макс Ферстапен го заврши првиот ден тестирање во Барселона со најдобро време, совладувајќи го Карлос Саинс Јуниор во Рено за само 0.034 секунди.

Холанѓанецот своето најдобро време од 1:17.528 го постави на „супер-меки“ гуми на Пирели во последниот час од тестирањето, за да го победи Саинс, кој со „хипер-меки“ гуми беше побрз од Себастијан Фетел, кој со своето Ферари беше за 0.131 секунди зад Ферстапен. Четврти беше Роман Грожан во Рено.

По нив следуваа Николас Латифи во Форс индија, пред Луис Хамилтон во Мерцедес и Штофел Фандорне во Мекларен.

Фото: ЕПА

Scroll to Top