Белгиецот Раџа Наинголан официјално се врати во Каљари, каде што ќе настапува една година како позајмен фудбалер од Интер за да овозможи неговата сопруга да се врати на својот роден остров.
31-годишниот Наинголан помина четири сезони во Каљари, постигнувајќи 7 гола во 137 настапи од 2010 до 2014, а сега се враќа „дома“ со договор без можност за откуп на крајот на сезоната.
„Секогаш прв на фронтот, подготвен да врати, да ја одземе топката од нозете на неговите шокирани противници, во вистински нинџа-стил. Фудбалер кој го носи тимот, кој е пример за своите соиграчи“, се вели во пофалните зборови од Каљари.
Наинголан дојде во Интер од Рома минатото лето, но новиот прв човек на „нераѕурите“, Антонио Конте јасно му порача дека не смета на него.
Еден од мотивите за враќање на Наинголан на Сардинија е неговата сопруга, Клаудија Лаи, која минатиот месец во емотивен пост на Инстаграм призна дека има рак и дека почнала да оди на хемотерапија. Наинголан и Лаи се заедно од 2011 година додека тој беше фудбалер на Каљари и имаат две ќерки – седумгодишната Ајша и тригодишната Мејли.
Today @OfficialRadja finalised a surprise return to Cagliari.
Some decisions are bigger than football. ❤️ pic.twitter.com/HXaGl7LJci
— B/R Football (@brfootball) August 5, 2019