Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан рекол дека не сакал да замине од Рома. Наинголан ќе се пресели во Интер, а трансферот е вреден 24 милиони евра.
Белгиецот во Интер повотрно ќе соработува со својот поранешен тренер Лучано Спалети.
„Секогаш боите на Рома ќе бидат во моето срце, но клубот сакаше да ме продаде. Интер нависина сакаше да ме донесе во своите редови, повеќе од било која друга екипа. Спалети е одличен тренер и среќен сум што повотрно ќе работиме заедно“, рекол Наинголан.
Рома оваа сезона играше во полу-финалето во Лигата на шампионите, а Наинголан беше еден од клучните играчи во постигнувањето на тој резултат. Сепак, Наинголан не се најде меѓу играчите што ја претставуваат Белгија на мундијалот во Русија.