Раџа Наинголан се враќа во Каљари. На Сардинија тој ќе настапува како позајмен играч од Интер до крајот на сезоната. По завршувањето на сезоната, поранешниот белгиски репрезентативец ќе стане слободен играч.
Наинголан минатата сезона ја мина на позајмица во Каљари, екипа за која настапуваше од 2010 до 2014 година. Тој не успеа да се избори за место во тимот на Интер, од почетокот на , на четири натпревари одиграл само 42 минути.
Наинголан во Каљари повторно ќе соработува со Еузебио Ди Франческо, кој му беше тренер во Рома.