Реал Мадрид неочекувано повторно ќе се обидат да го донесат Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“, откако веќе сметаат на сигурниот трансфер на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд, тврди „Телеграф“.
Според француските извори, ситуацијата со договорот на Мбапе во Пари Сен-Жермен е неизвесна поради тоа што се очекува дека ова лето покрај смената на тренерот Кристоф Галтие ќе дојде и до заминување на Лионел Меси и Нејмар, ситуација што претседателот на Мадрид, Флорентино Перез ќе се обиде да ја искористи за да го донесе 24-годишниот Французин.
Реал беа на чекор од потписот на Мбапе, нудејќи 200 милиони евра за него минатото лето, пред Мбапе да се предомисли и да потпише продолжување на договорот со ПСЖ. Тогаш се веруваше дека Мбапе си ја уништил својата шанса да стане дел од „лос бланкос“, но сега Перез има план за рекордно трошење ова лето за формирање на нова „галактикос“ ера во клубот.
Real Madrid will look to exploit the uncertainty at Paris Saint-Germain this summer and explore a potential world record move for Kylian Mbappe alongside their pursuit of Jude Bellingham
✍️ @mcgrathmike#TelegraphFootball
— Telegraph Football (@TeleFootball) May 10, 2023