Top Sport

(Видео) Гроувс го доби спринтот, кученце го „нокаутираше“ Евенепел

Австралиецот Кејден Гроувс беше најсилен во хаотичниот спринт на крајот на дождливата петта етапа на Џиро Д’Италија, одбележана со серија падови и со бизарен судир на еден од фаворитите на трката, Ремко Евенепел со едно куче.

Норвежанецот Андреас Лекнесуд остана лидеер во генерален пласман со 28 секунди предност пред Евенепел по 171 километри од Атрипалда до Салерно. Гроувс, Лекнесуд и уште еден фаворит, Примож Роглич „профитираа“ од одлуката на ривалските тимови да не го исористат падот на Гроувс и Роглич на 6 киомеетри пред крајот. „Судал Квик-Степ“ тимот на Евнепел и „Инеос“, каде ешто се тркаат Тао Геоган Харти Герант Томас, по падот решија да не нападнат во една фер ситуација.

Евенепел првпат падна на 150 километри пред крајот откако едно мало куче истрча пред велосипедистите. Давиде Балерини во обид да го избегне падна, а неговиот велосипед го собра колегата од „Судал Квик-Степ“, Евенепел. Ова не е првпат големите велосипедски трки да се одлучуваат од животни – во 1997 на Џиро Д’Италија, легендарниот Марко Пантани се повлече откако се судри со црна мачка, додека во 2015 година на Тур де Франс, стадо крави предизвикаа хаос на Тур де Франс.

Scroll to Top