Top Sport

Најбогатиот Африканец го купува Арсенал?

Алико Данготе, нигерискиот милијардер најави дека во 2021 година ќе го купи лондонски Арсенал. Навивачите на „топчиите“ со нетрпение ја очекуваат промената на сопственикот затоа што со години се во отворен судир со сегашниот менаџмент.

Арсенал со години не ги постигнува резултатите на кои навивачите се навикнати. „Топчиите“ никако да се вратат во врвот на англискиот фудбал.

Данготе би можел да биде нова сила за тимот од „Емирати“. Нигериецот важи за еден од најбогатите Африканци, а неговото богатство се проценува на околу 10 милијарди евра.

Актуелниот сопственик на Арсенал, кој е газда и на НБА тимот, Денвер Нагетс ретко доаѓа во Лондон, па навивачите сметаат дека не придава големо значење за еден од најтрофејните клубови на Островот.

Scroll to Top