Top Sport

Нов кикс на Данска, Хрватска и Србија одиграа 2 во 1, „Фуријата“ рутинирано

Данската ракометна репрезентација вечерва со нов кикс по стартниот пораз на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.
Данците вечерва одиграа само нерешено 24-24 против Унгарија, па сега дополнително си ја закомпликуваа ситуацијата по стартниот пораз од Исланд во првото коло.
Унгарија водеше во текот на целиот меч против Данска, која дури во финишот успеа да освои бод надеж за пласман во следен круг. Сега Данците покрај тоа што ќе треба да слават против Русија, ќе зависат и од исходот на мечот Исланд – Унгарија. Ќе се надеваат на победа на Исланѓаните за следна фаза.
Најпрецизен кај Данците беше Браминг со 6 гола, а по 3 погодока запишаа Микел Хансен, Ларсен и Лауге Шмит.
Кај Унгарија прв стрелец беше Балог со 7 погодоци.


Балканското ракометно дерби и припадна на Хрватска, 24-21, иако на полувремето водеше Србија. Мечот заполна со многу грешки на двете страни, а непремостлива пречка за Србите беше голманот на Хрватска, Марин Шего кој во првата четвртина од мечот беше несовладлив. Сепак, затаи нападот на „коцкастите“, па на полувреме имаа -2, на семафорот стоеше 10-8 за Србија.
Сепак, во вториот дел Хрватска започна со препознатливата игра. Мечот во егал беше се до 14-14, а оттогаш до крајот водството само растеше во корист на четата на Лино Червар. Најголемото водство за Хрватска беше +6, 21-15, по што темпото се намали за конечни 24-21.
Хрватска како прва ја заврши групата, а Србија со 3 порази се враќа дома.
Најпрецизен во победничката селекција беа Дувњак и Степанчиќ со по 5 гола, а кај Србија се истакнаа Радивоевиќ и Кукиќ со по 4.


Шпанија рутинирано стигна до третата победа во групата Ц откако вечерва славеше убедливо против аутсајдерот Холандија со 36-25.
Иако во првиот дел „лалињата“ држеа поднослива негатива, сепак во вториот дел дојде до израз квалитетот и искуството на Шпанците.
Најпрецизен во победничката екипа беше екс-Вардарецот, Македа со 6 гола, а 5 постигна Арињо.
Кај Холандија најпрецизен беше Смитс со 8 гола.

Scroll to Top