Top Sport

Федерер: Не ги бранам гренд слем рекордите!

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер пристигна во Мелбурн за тука да ја започне новата сезона. Тој признава дека тајната на неговата долговечност е нешто што одамна го планирал.

„Кога бев млад, 20, 22, 24 години се надевав дека ќе играм уште долго. Пред 5 години одлучив да играм и со 38 години“ – вели Швајцарецот кој во Австралија ќе биде во фокусот на јавноста, заедно со Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Роџер има 20, Рафа 19, а Ноле 16 гренд слем титули, но Швајцарецот вели дека не се оптоварува со тој рекорд.

„Некогаш ми беше важно да го изедначам рекордот на Пит Сампрас (14 титули) и после тоа да го престигнам. Оттогаш се беше да додадам некоја титула повеќе. Уживам во тенисот, го обожувам. Се надевам дека можам уште многу да играм. Ако на сето тоа можам да додадам уште некоја титула, сјајно, но не се работи за тоа да играм за да ги спречам другите да ме стигнат. Ако ме претигнат, во ред“ – рече Федерер.

Scroll to Top