Премиерлигашот Ватфорд го имануваше Најџел Пирсон како нов тренер до крајот на сезоната како замена за Шпанецот Кике Санчез Флорес, кој беше отпуштен по неполни три месеци на клупата на „стршените“.
56-годишниот Пирсон, кој е поранешен тренер на Лестер, е третиот тренер на клубот од „Викариџ роуд“ по саботното отпуштање на Флорес и отказот кој го доби неговиот претходни Хави Грасија во септември.
Ватфорд се на последното место во Премиер лигата со седум поени над зоната за испаѓање и со само 8 освоени поени по 15 меча.
We are pleased to confirm the appointment of Nigel Pearson as Head Coach on a contract that runs initially until the end of this season.
— Watford Football Club (@WatfordFC) December 6, 2019