Француски „Лекип“ пишува дека најдобриот стрелец во историјата на националниот тим, Оливер Жиру, летово ќе ја напушти Европа. Имено, на искусниот триесет и седумгодишен напаѓач му истекува договорот со Милан и италијанскиот гигант нема да му понуди нов.
Според овој извор, нов клуб на Жиру ќе биде Лос Анџелес ФК, каде брани неговиот колега од репрезентацијата Уго Лорис. Поранешниот напаѓач на Монпелје, Арсенал и Челзи оваа сезона тој постигна 14 гола за Милан во сите натпреварувања.
Жиру со француската репрезентација стигна до финалето на Светското првенство во 2022 година, каде постигна четири гола, но не успеа да ја одбрани титулата бидејќи Аргентина беше подобра на пенали. На турнирот стана и најдобар стрелец во историјата на Триколорите со 53 погодоци. Четири години претходно во Русија, Жиру стана светски шампион без ниту еден постигнат гол на турнирот.