Top Sport

Најдобриот Унгарец ќе го пропушти ЕУРО 2020

Фудбалската репрезентација на Унгарија на Европското првенство ќе настапи без својот најдобар играч, Доминик Собослај.

Еден од најталентираните европски играчи на својата позиција, на почетокот на годината го повредил мускулот и оттогаш не настапи на ниту еден натпревар за Лајпциг. Собослај, во зимскиот преоден рок од Салцбург се пресели во сестринскиот клуб Лајпциг.

Информацијата дека Собослај нема да игра на ЕУРО 2020, во вторникот, ја потврди агенцијата Ројтерс.

Унгарците, со неговиот гол, во баражот против Исланд, обезбедија пласман на европскиот шампионат.

Унгарија, првиот натпревар на ЕУРО 2020 ќе го одигра на 15.јуни против Португалија. Покрај овие две репрезентации во Ф-групата се натпреваруваат Франција и Германија.

Scroll to Top