Top Sport

Најдобрите 50 во историјата – Листата ја предводат двајца Аргентинци

Познатиот магазин „90 мин“ состави листа на 50 најдобри фудбалери во историјата. Првите две места на листата се резервирани за Аргентинците, Лионел Меси и Диего Армандо Марадона.

Лионел Меси, во неделата ја предводеше Аргентина до третата светска титула. Според објаснувањето на порталот, капитенот на „гаучосите“ требало да ја освои „божицата“ за да ја зацврсти својата позиција на врвот на листата на најдобри фудбалери. Меси шест пати ја освојуваше Златната топка, во својата најдобра сезона постигна 91 гол (во 2012 година).

Втор е лидерот на Аргетина од 1986 година, Диего Армандо Марадона. Трет е Пеле, а по него е Франц Бекенбауер, чие присуство на четвртото место е изненадување за некои.

Сепак, според „90 мин“ тој е најкомплетниот фудбалер досега, човек кој беше задолжен за речиси сите сегменти од играта.

Тој е еден од двајцата дефанзивци кои ја освоија Златната топка. Двапати беше најдобар фудбалер на годината, во 1972 и 1976 година.

На петтата и шестата позиција се Јохан Кројф и Роналдо Назарио. Зинедин Зидан ја зазема седмата позиција, а зад него е Кристијано Роналдо. Во Топ 10 се и Мишел Платини и Роберто Баџо.

Едно од најголемите изненадувања според многумина е тоа што Роналдињо е на 26. место. На списокот од играчте кои се уште се активни се: Лука Модриќ (29. место), Џанлуиџи Буфон (37.) и Килијан Мбапе (45), кој веќе на 23 години е во друштво на најдобрите.

Со Франција ја освои титулата светски првак во 2018 година, годинава беше вицешампион со својата репрезентација, најдобар стрелец е и на Светското првенство во Катар.

 

Scroll to Top