Top Sport

„Најдобрите во светот не одат во ПСЖ“

Џанлуиџи Донарума, од вчера, официјално е играч на ПСЖ. Најдобриот играч на Европското првенство, како слободен играч од Милан се пресели на „Паркот на принцовите“. Донарума потпиша петгодишен договор со „светците“, за плата од 12 милиони евра по сезона.

Донарума со овој трансфер ги разочара навивачите на Милан, а жестоки критики доби и од Антонио Касано.

Тој смета дека најдобрите играчи во светот не одат во ПСЖ.

„Доколку е најдобар голман во светот, зошто тогаш за него не се интересираа Баерн, Реал, Барселона?“, рекол Касано и дополнил.

„Мануел Ноејер има 36 години, ако мисли дека е најдобра во светот Донарума требаше да го предизвика него, или да го предизвика Тибо Куртоа или Тер Штеген. Земи им го местото ако си најдобар. Наместо тоа тиј замина во ПСЖ“.

Она што е интересно, француските медиуми тврдат дека Донарума нема да биде прв голман во ПСЖ, туку тоа ќе остане Кејлор Навас.

Scroll to Top