Top Sport

Загриженост во Интер, Лаутаро сакал да игра со Меси

Лаутаро Мартинез блеска на почетокот на новата сезона. Постигна гол за Интер во првиот меч во Серија А, а пред два дена со хет-трик го потопи Мексико во контролен меч кој Аргентина го добо со 4-0.

Лаутаро или „Торо“ како што го нарекуваат во Аргентина, минатото лето од Расинг пристигна во Интер и потпиша пет годишен договор. Во две сезони за расинг постигна по 22 гола, а сезоната на адаптација во Интер и Европа ја заврши со шест гола.

Имаше добар настап за репрезентација на Копа Америка, кога најави дека оваа сезона може да биде негова. Она што ги импресионира Аргентинците е што во 13 настапи за репрезентацијата постигнал девет гола, што не им успеало ниту на Марадона, Агуеро, Меси…

Добрата форма ја „видоа“ во Интер, поради што спортскиот директор Бепе Марота бил подготвен да му понуди нов договор, со кој дупло ќе му ја зголеми платата. Лаутаро има годишна плата од 1,5 милиони евра, но Марота му нуди нов договор за да може да ја зголеми откупната клаузула, која во актуелниот договор изнесува 110 милиони евра.

На Марота му е јасно дека таа на богатите клубови нема да им претставува проблем да ја платат доколку „Торо“ одигра добра сезона.

Scroll to Top