Top Sport

НБА: Заврши сезоната, формирани плејоф двојките

Изминатата ноќ во НАБ лигата заврши регуларниот дел од сезоната. Во борбата за титулата вчегуваат 16 екипи, по осум од Источната и Западната конференција. Последен тим што обезбеди пласман во разигрувањето беше Минесота Тимбервулфс.

Предноста на домашниот терен низ целиот плејоф ја обезбеди екипата на Хјустон. „Ракетите“, регуларниот дел од првенството го завршија со 65 победи и 17 порази. Втор најдобар резултат има шампионот на Истокот, Торонто. Репторс со 59 победи и 23 порази поставија нов рекорд на франшизата.

Бранителот на титулата Голден Стејт го освои второт место на Западот (58-24), а еден од кандидатите за титулата Кливленд Кавалирс заврши на четвртото место во Источната конференција (50-32).

Двојки за првата плејоф рунда:

Источна конференција:

1. Торонто – 8. Вашингтон
4. Кливленд – 5. Индијана
2. Бостон – 7. Милвоки
3. Филалделфија – 6. Мајами

Западна конференција:

1. Хјустон – 9. Минесота
4. Оклахома – 5. Јута
2. Голден Стејт – 7. Сан Антонио
3. Портланд – 6. Њу Орлеанс

 

Scroll to Top