Top Sport

Најкраткото деби во Премиер лигата го има голман на Манчестер јунајтед

Ник Калкин вели дека е горд на тоа што го поседува еден од најбизарните рекорди во Премиер лигата – најкраткото деби во англиската елита.

Во сезоната 1999/2000, поранешниот јуниор на Јорк сити, го имаше првото и единствено појавување во дресот на Манчестер јунајтед и тоа на гости кај Арсенал на стариот „Хајбери“. Сер Алекс Фергусон го стави дебитантот во игра при 2:1 победата над Арсенал, откако Мартин Кион го „шутна“ првиот голман Рајмонд ван дер Гоув во лице и тој не можеше да ги заврши последните минути на мечот.

Тогаш на сцена стапи Калкин – влезе во игра, ја шутна топката пред судијата Греем Пол да означи крај на мечот. Калкин не е лут што тоа му бил единствен настап за Јунајтед.

„Физиотерапевтот побара замена, а Фергусон ми се сврте и ми кажа, ајде Ник, спремај се. Не бев ниту загреан, но знаев дека тоа е моја шанса. Бев подготвен, но само што ја шутнав топката, беше крај. Тоа беше мојата кариера во Манчестер јунајтед. Знаев дека нема да го заменам Петер Шмајхел, но беше убаво како млад да се шета низ Европа. Одевме со авиони, во хотели, бев дел од најголемиот клуб на светот“, вели Калкин.

По ова, тој играше како позајмен во Хал, Бристол роверс и Ливингстон, пред да се пресели во Квинс Парк Ренџерс во 2002, но поради повреда се пензионираше на само 26 години.

Scroll to Top