Top Sport

„Најкул“ пеналџијата доаѓа од англискиот Чарлтон (видео)

Напаѓачот на англискиот второлигаш Чарлтон атлетик, Лајл Тејлор покажа дека изведувањето на пенали не мора да биде воопшто стресно, иако се работеше за удар од белата точка во 90-тата минута од мечот против Барнсли.

Барнсли водеа со 2:1, кога во 90. минута беше досуден пенал за Чарлтон, и 29-годишниот Тејлор самоуверено се дошета до топката и ја смести во мрежата на голманот Сахин-Радлингер.

Менаџерот на Чарлтон, Ли Бојер, вели дека не верувал дека ќе има гол.

„Да бидам искрен, не мислев дека Лајл ќе даде гол откако го видов како се шета до топката. Толку беше смирен што ми се крена косата“, изјави Бојер.

Ова не е првпат како најдобриот фудбалер на Чарлтон за 2018/19, Тејлор да изведува пенал на ваков начин.

Scroll to Top