Top Sport

ПСЖ се подготвени да го дадат Нејмар на позајмица (со обврска за купување)

Пари Сен-Жермен се подготвени да склучат договор Нејмар да си замине од „Паркот на принцовите“ како позајмен фудбалер, но само со обврска неговиот договор да биде откупен, зголемувајќи ги шансите тој да се врати во Барселона или да замине во Реал Мадрид, јавува порталот „Гол“.

Иднината на Нејмар повторно стана неизвесна ова лето, откако прво клубот го казни за предоцоно враќање на тренинзи, а потоа тој не беше во составот на „светците“ за првите две кола од француската Лига 1.

Досега, ПСЖ одбиваше да разговара за продажба на фудбалерот за кој пред само две години платија рекордни 222 милиони евра, а исто така беа одбиени и понудите од Шпанија за трансфер во кој би биле вклучени повеќе фудбалери.

Сега, пред крајот на европскиот преоден рок на 2 септември и можноста Нејмар да штрајкува во првиот дел од сезоната, спортскиот директор Леонардо и тренерот Томас Тухел разговараат за опции тој да замине, а ПСЖ да добие дел од инвестицијата назад.

Барселона се сметаат за први фаворити за неговиот потпис, но Реал Мадрид покажаа дека се подготвени да платат повеќе пари.

Scroll to Top