Top Sport

Најлудото финале во ЛШ (Видео)

На денешен ден на стадионот „Ататурк“ во Истанбул Милан и Ливерпул го одиграа најлудото финале во историјата на Лигата на шампионите. Титулата по изведувањето на пенали ја освои Ливерпул, а трагичар на мечот беше Андриј Шевченко. Украинецот во 117 минута не реализира чиста шанса, а потоа го птомаши клучниот пенал.

Финалето од 2005 година засекогаш ќе се памети поради лудите шест минути во кои Ливерпул успеа да ја стигне предноста на Милан од 3:0.

Милан одиграа нестварно прво полувреме Паоло Малдини постигна гол за 1:0, а потоа Ернан Креспо со два гола го заклучи полувремето.

Ливерпул во мечот се вратија во периодот од 54 до 60 минута. Првиот гол го постигна Стивен Џерард, две минути подоцна Дида беше совладан и од Владимир Шмицер, а на 3:3 израмни Џаби Алонсо. Пеналот што г изведе Шпанецот го одбрани Дида меѓутоа топката се врати кај Алонсо кој од вториот обид ја погоди мрежата.

Во пенал серијата Сержињо и Пирло не реализираа за Милан, а на спортивната страна прецизни беа Хаман и Сисе. Во третата серија Томасон пооди за Милан, а Рисе не беше прецизен за Ливерпул.

Во четвртата серија сигурни беа Кака и Шмицер, а во петтата Дудек го одбрани ударот на Шевченко.

Ливерпул-Милан 3:3, состави

Ливерпул: Дудек – Финан (Хаман), Карагер, Хипија, Рисе – Чаби Алонсо, Луис Гарсија, Џерард, Траоре – Кјуел (Шмицер), Барош (Сисе)

Милан: Дида – Кафу, Стам, Неста, Малдини – Пирло, Гатузо (Руси Коста), Сидорф (Сержињо), Кака – Креспо (Томасон), Шевченко.

Scroll to Top