Top Sport

Јувентус ја одредиле цената за Игуаин

Фудбалскиот клуб Јувентус ја одредил цената за својот напаѓач Гонзало Игуаин. Аргентинецот може да замине од Торино доколку некој плати 18 милиони евра.

32 годишникот изминатите денови се поврзува со Ривер Платаи со неколку клубови од Премиерлигата.

Јувентус нема да му бидат пречка, ќе му дозволат да замине доколку заинтересираните ја платат бараната сума.

„Старата дама“ за Игуаин на наполи во 2016 година им плати 90 милиони евра. Пипита во дресот на Јувентус има одиграно 138 натпревари на кои постигнал 63 гола. Со овој клуб освоил две трофеи во првенството и купот на Италија.

Договорот му истекува во 2021 година.

Scroll to Top