Институтот за фудбалска историја и статистика – ЦИЕС ја објави листата на најскапите светски голмани.
ЦИЕС преку специјален алгоритам кој ги опфаќа квалитетот, возраста, должината на договорот и силината на клубот избра десет најдобри голмани во светот.
Изненадување е што првите тројца голмани се од Премиер лигата, а уште поголемо изненадување е што на првото место е Едерсон Мораеш од Манчестер сити. Според ЦИЕС неговата вредност изнесува 86,8 милиони евра.
Неговиот сонародник кој брани за Ливерпул, Алисон Бекер е втор, неговата вреднотс изнесува 84,2 милиони евра.
Изненадувачки е што најскапиот светски голман, кој зад себе има лоша сезона и го загуби местото во Челси, Кепа Аризабалага е трет. Шпанецот според ЦИЕС вреди 76,4 милиони евра.
Зад трилингот голмани од Премиер лигата доаѓаат според многумина двајцата најдобри во светот Јан Облак од Атлетико Мадрид и Марк-Андре тер Штеген од Барселона.
Словенецот вреди 52,7 милиони евра, а Германецот 50,2 милиони евра.
Во Топ 10 се наоѓаат уште и Тибо Куртоа, Давид Де Хеа, Џордан Пикфорд, Пау Лопез и Алекс Мерет.
Меѓу најдобрите десет го нема Џиџи Донарума од Милан веројатно поради тоа што неговиот договор со клубот истекува за една година.