Еден од најневеројатните и најубавите голови во 2020 доаѓа од Данскиот куп и е дело на Николај Герстен, ѕвездата на прволигашот Лингби.
Во меч од Данскиот куп, Лингби со 9:0 го совлада нисколигашот Слагелсе, но еден гол ќе се памети. Герстен во 70-тата минута имаше обид со ножички, и откако топката удри во гредата, 29-годишниот напаѓач успеа да го сврти телото и да упати волеј кој заврши во голот.
Апсолутно фантастично и секако, како што посочија од Лингби, главен кандидат за Пушкаш наградата на ФИФА за најдобар гол во календарската 2020.