Грчкиот фудбалски клуб Олимпијакос е обвинет дека во 2015 година го лажирал натпреварот против Атромитос. Медиумите во земјата објавија дека обвинети се 15 лица. Натпреварот завршил со победа на Олимпијакос 2:1.
Меѓу обвинетите се наоѓа и легендата на португалскиот фудбал Рикардо Са Пинто кој тогаш бил тренер на Атромитос.
Олимпијакос и Атромитос можат да бидат префрлени во понизок ранг, додека газдите на клубовите Евангелос Маринакис и Јоргос Спанос се соочуваат со затворски казни и доживотна забрана на сите функции во фудбалот.