Долгоочекуваното деби во официјален меч на Кристијано Роналдо за италијанскиот шампион Јувентус не помина најдобро, откако „старата дама“ мораше добро да се испоти да стигне до тешка 2:3 победа во Верона на гостувањето кај Киево и тоа со гол во 93. минута.
Наместо голови од Роналдо, имаше тежок меч, Јуве мораше да се враќа од негатива, а ниту ВАР-системот не им беше наклонет во лошиот ден.
Роналдо, кој пристигна кај „бјанконерите“ за 100 милиони евра, беше донесен за да се зацврсти доминантната позиција во Италија и да се брка титула од Лигата на шампионите, но почетокот беше сѐ само совршен не.
Сами Кедира уште во третата минута донесе водство за гостите во првиот меч од новата сезона во Серија А, но Мариуш Степински во 38. минута со убав удар со глава го совлада Шчесни. Ситуацијата стана уште полоша за Јуве, кога во 58. минута, Џакерини од пенал донесе шокантно водство за Киево!
Serie A goalies are good #Juventus pic.twitter.com/tXN1Ki7CkI
— Anthony Scanga (@thekneeguy) August 18, 2018
Сепак, за среќа Јуве успеа да израмни во 75. минута, кога Матија Бани си постигна автогол по корнер на противникот.
Јувентус мислеше дека победата е тука, кога Марио Манџукиќ заби за 3:2, меѓутоа по консултацијата со ВАР-системот, голот беше поништен поради офсајд. Меѓутоа, победата беше добиена во 93. минута, кога Фернандо Бернардески покажа дека е еден од најталентираните фудбалери на „бјанконерите“.
Роналдо одигра цели 90 минути и имаше две убави шанси, но на крајот не се запиша во листата на стрелците.