Top Sport

Наместо во недела, последното коло во Ла Лига ќе се игра во сабота

Последното коло во Ла Лига, кое решава за титулата, нема да се одигра во недела, туку ден претходно. Ла Лига го смени распоредот поради настапот на Виљареал во финалето, во Лига Европа.

Виљареал, за трофејот во Лига Европа, ќе игра на 26.мај против Манчестер јунајтед. Клубот побара, а Ла Лига го прифати барањето, колото да се игра во сабота, за да му овозможи на тимот да има ден повеќе за одмор и подготовка за финалето.

Во последното коло Виљареал ќе гостува во Мадрид кај Реал.

Scroll to Top