Top Sport

Од Барса ќе одат кај Бекам во Интер Мајами

Џерар Пике, Серхио Бускетс и Луис Суарез ова или наредното лето ќе бидат соиграчи во клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами. Тројцата верувале дека настап во МЛС лигата би бил идеален за крај на кариерата, пишува „Мундо Депортиво“.

Овие тројца се во добри односи со Бекам чии тим оваа сезона дебитира во МЛС лигата. Во првите две кола Интер забележа два порази. Идејата на Бекам е во неговиот тим да донесе неколку ѕвезди на светскиот фудбал чии кариери се ближат кон крајот.

Пике има 33 години, кариерата ја започна во Барселона откаде во 2006година се пресели во Манчестер Јунајтед, а две години подоцна се врати на „Ноу Камп“. Има договор до 2022 година.

Бускетс е две години помлад од Пике. Тој е производ на школата на Барселона „Ла Масија“. Наводно челниците на Барселона на неговата позиција го сакаат младиот Сандро Тонали од Бреша.

Суарез е врсник со Пике, неговиот договор истекува во 2021 година, но доколку наредната година одигра најмалку 60 отсто од натпреварите договорот автоматски ќе му биде продолжен на уште една година.

Scroll to Top