Луис Нани имаше фантастично враќање во европскиот фудбал, откако во својот прв меч за Венеција запиша асистенција по само 115 секунди игра, и вели дека се приклучил на италијанскиот прволигаш поради „амбициозниот проект“.
Венеција првпат по 20 години е во Серија А и се обидува да осигура опстанок – во моментов се 2 поени над зоната за испаѓање по 1:1 ремито со Емполи, во кое поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед асистираше.
„Ја избрав Венеција поради амбициозниот проект. Јас сум фудбалски човек и сакам да бидам на место каде што можам да правам големи работи, а овој клуб има таков менталитет. Би сакал да им помогнам на младите фудбалери, да го искористат својот талент, но и да помогнам во нападот. Има многу млади луѓе во клубот, голема енергија и желба за успех“, вели 35-годишниот Португалецот, кој последните три години настапуваше во МЛС лигата, во тимот на Орландо сити.