Top Sport

Нани потпиша за Мелбурн виктори

Португалскиот интернационалец Нани кариерата ќе ја продолжи во австралискиот клуб Мелбурн Виктори со кој потпиша двегодишен договор. Нани во Мелбурн пристигна од Венеција, откако спогодено го раскина договорот.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед за овој италијански клуб одигра десет натпревари откако го напушти Орландо во ноември минатата година.

Португалец играше осум сезони за Манчестер Јунајтед, освои титули во Премиерлигата и во Лигата на шампионите, а беше дел и од репрезентацијата која го освои Европското првенство во 2016 година.

Нани во кариерата настапуваше и за Спортинг Лисабон, Фенербахче, Валенсија и за Лацио.

Scroll to Top