Top Sport

Шкупи сака да ја потврди класата против Линколн и да закаже пресметка со Динамо во ЛШ

Македонскиот првак Шкупи денеска од 18 часот на стадионот „Виктори“ на Гибралтар треба да го потврди пласманот во следното коло од квалификациите во ЛШ и да закаже официјално двомеч со хрватскиот првак Динамо Загреб. Тимот на Гоце Седлоски има три гола предност против Линколн Ред Импс од првиот натпревар во Скопје кои треба да бидат гаранција за мирен реванш .

Капитенот Кристијан Наумовски најави дека Шкупи и на денешниот меч ќе оди на победа.

„Имаме одлична предност по првиот натпревар, но и не смееме да заборавиме дека има уште 90 минути од двомечот. Шкупи на секој натпревар оди на победа, така ќе биде и овде на Гибралтар. Ќе играме на терен со вештачка трева и мора да бидеме внимателни, но, сепак, мислам дека квалитетот е на наша страна и нема дозволиме никакво изненадување. За Динамо Загреб ќе размислуваме дури откако ќе ја завршиме работата против Линколн“, изјави Наумовски.

Натпреварот меѓу Линколн Ред Импс и Шкупи е закажан за 18 часот, на стадионот „Виктори“ на Гибралтар.

Scroll to Top