Челниците на фудбалскиот клуб Нант решиле да го повлечат дресот со број 9. Овој број на грбот во изминатите четири години го носеше трагично загинатиот Емилијано Сала. Аргентинецот загина во авионска несреќа на 21 јануари.
Трагедијата силно одекна во фудбалскиот свет, а најмногу ги погоди сите во Нант, каде Сала го изгради своето фудбалско име. Поради тоа Нант го повлече од употреба овој број.
„Овој број заедно со Сала замина во историјата. Бројот му припаѓа само на Сала“, соопштиле од клубот.
Parce qu'Emiliano Sala fera à jamais partie des légendes qui ont écrit la grande histoire du FC Nantes, le numéro 9⃣ qu'il a porté est retiré.#RIPSala pic.twitter.com/XFIVCVBFx7
— FC Nantes (@FCNantes) February 8, 2019
Сала, во периодот од 2015 до јануари 2019 година, за Нант одиграл 120 натпревари на кои постигнал 42 гола.