Top Sport

Наполи експресно во Торино, сега се пред Јуве на табелата!

Наполи стигна до рутинска 0:2 победа на гостувањето кај Торино, во меч во кој македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во последните минути од мечот, за да се искачат на четвртото место на табелата пред Јувентус во интересната битка за пласман во Лигата на шампионите.

Мечот беше одлучен за само две минути – прво во 11. минута Тиемуе Бакајоко ги донесе „партенопеи“ во водство, за само две минути подоцна нигерискиот напаѓач Виктор Осимен да зголеми на 0:2.

На само пет кола пред крајот на сезоната, Наполи се четврти со 66 поени, колку што има и третопласираниот Милан (кој вечерва игра со Лацио), но и петтопласираниот Јувентус.

И на дното во Италија е интересно. Резултатот воопшто не е посакуван за Торино, кои се на 16. место на табелата со 31 поен, колку што имаат и 17-пласираниот Торино и 18-пласираниот Беневенто.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top