Top Sport

Пирс Морган го повика Кејн: Врати се дома во Арсенал, доста беше со страшниот експеримент

Познатиот британски водител и новинар и страствен навивач на Арсенал, Пирс Морган го повика капитенот на англиската репрезентација, Хери Кејн да си „дојде дома во Арсенал“ и да го прекине „страшниот експеримент“ во Тотенхем.

Врската на 27-годишниот Кејн со Арсенал не може да биде избришана, откако во сезоната 2001/02 тој беше дел од академијата на „топчиите“, пред да биде ослободен од договорот, иако се верува дека бил огромен навивач на лутите ривали на Тотенхем.

Две години подоцна, преку Риџвеј роверс и Вотфорд, Кејн заврши во Тотенхем, но Моран го потсети со негова фотографија во дрес на Арсенал и црвено обоена коса еден ден по поразот во финалето на Лига купот од Манчестер сити.

„Дојди си дома Хери Кејн, твојот страшен експеримент заврши“, напиша Морган.

Scroll to Top