Top Sport

Наполи го доби трилерот со пет гола против Болоња за враќање на врвот

Наполи се врати на првото место во италијанската Серија А, откако во интересен меч на „Стадио Диего Армандо Марадона“ се врати за 3:2 победа против незгодната Болоња на Тијаго Мота.

Џошуа Циркце ги донесе гостите во неочекувано водство во 41. минута од мечот, но само три минути подоцна, Жуан Жесус успеа да израмни за 1:1 на полувреме. Чаки Лозано најави пресврт со гол во 49. минута од мечот, но Муса Бароу во 52. минута повторно израмни. Резултатската клацкалка продолжи за Квича Кварацхелија да го пронајде Виктор Осимен во 69. минута од мечот за 3:2.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, по јавните критики што ги упати за времето кое го поминува на клупата, доби шанса да влезе во игра во 71. минута на местото на Танги Ндомбеле. Болоња имаше неколку убави шанси за израмнување, но и Наполи пропушти неколку прилики.

Со осмата победа оваа сезона, Наполи се вратија на првото место со 26 поени, два пред Аталанта и пет пред Лацио и Удинезе. Болоња се на 17. место со седум поени и три порази во последните четири меча.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top